Министерот за полиција на Австрија рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, „совршено“ ја измами програмата за реинтеграција на џихадистите во општеството!

Видео доказите потврдуваат дека напаѓачот Кујтим Фејзулаи кој уби четири лица во Виена во понеделникот, дејствувал сам, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, признавајќи дека можеби имало комуникациски пропуст во врска со дојавата од словачката разузнавачка служба.

Нехамер на прес-конференција рече дека имало проблеми во постапувањето на Австрија со информациите дадени од Словачка откако напаѓачот се обидел да купи оружје во таа соседна земја.

Очигледно нешто тргна наопаку во чекорите во комуникацијата што следеше, рече тој.

Тој повика на формирање независна комисија за истражување на работата на австриската разузнавачка служба.

Министерот рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, совршено ја измами програма за реинтеграција на џихадистите во општеството.

Австриските власти по нападот уапсија 14 лица. Сите се на возраст од 18 до 28 години и имаат мигрантско потекло. Некои од нив имаат странско државјанство.