Екипата на Наполи забележа победа на гостувањето кај Ријека со 2:1 и се искачи на чело на табелата во групата Ф во Лига Европа. Овој меч беше посебно интересен за нас поради дуелот на двајца македонски репрезентативци. Дарко Велковски кај Ријека и Елиф Елмас кај Наполи. И двајцата играа од првата минута со тоа што Елмас беше заменет во 59 минута со Фабијан Руиз.

Инаку Ријека поведе со голот на Муриќ во 13 минута, но Наполи изедначи во 43 минута преку Деме. Во вториот дел Браут си постигна автогол кој му ја обезбеди победата на италијанскиот тим. Ријека е последна без бодови.

Во оваа група Сосиедад го победи АЗ и ги освои првите бодови во групата. АЗ со шест бода е втор.