Иако некои медиуми како „АП“ и „Фокс њуз“ ја прогласија победата на Бајден во Аризона, претседателот Доналд Трамп значително го намали заостанувањето во последните неколку часа и значително ја комплицираше трката за 11-те електори што ги носи таа сојузна држава.

Што тоа се случи таа сигурната победа на Бајден да се доведе во прашање? Локалниот весник Аризона Републик се обиде да даде одговор.

Бидејќи округот Марикопа ги објави резултати за нови 140.000 обработени гласови во средата вечерта и четвртокот наутро, стана јасно дека процентот што го добива Доналд Трамп е доволен за да се направи пресврт во Аризона, а можеби и во претседателската трка.

Трамп го победи Бајден со околу 57 отсто спрема 40 отсто во серијата гласачки ливчиња пратени по пошта обработени во средата навечер и раните утрински часови во четвртокот.

Овие гласачки ливчиња, за кои се претпоставува дека биле испратени по пошта во понеделникот и во вторникот, ја намалија предноста на Бајден во Аризона на околу 68.000 гласови, додека неговата предност во средата беше повеќе од 90.000 гласови, пишува Аризона Републик.

За разлика од голем број други држави, во округот Марикопа повеќето гласови беа испратени по пошта од приврзаниците на Трамп, што очигледно ги изненади аналитичарите на некои медиуми.

Некои аналитичари сметаат дека Трамп сега мора да освои 57,6 проценти од преостанатите 470 000 необработени ливчиња за да го престигне својот ривал.

Тоа е приближно ист процент како што го доби во првата серија гласачки ливчиња. Тој може да го стори тоа, изјави републиканскиот анкетар Пол Бенц.

Шансите за тоа се релативно мали но во штабот на Трамп веруваат во пресврт во Аризона!