Вакцината за коронавирус што ја развива универзитетот Оксфорд минува низ последната фаза на тестирање, а резултатите може да и бидат презентирани во јавноста пред Божиќ, на 25 декември, објави Ројтерс.

Оксфорд ја развива вакцината во соработка со АстраЗанека, а резултатите од последните тестови ќе утврдат кога вакцината ќе се користи за населението.

– Јас сум оптимист за брзината на презентирање на резултатите и верувам дека ќе ги имаме до крајот на годината – рече Ендру Полард, шефот на тимот од Оксфорд што ја прави вакцината.

На прашањето да каже дали вакцината ќе биде готова до Божиќ, Полард рече: – Шансите се мали, навистина.