На youtube се појавија снимки за средба меѓу Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и контроверзниот бизнисмен Зоран Милески Кичеец, еден од главните актери во аферата Рекет.

Средбата била остварена 14 април минатата година, пред првиот круг на претседателските избори и пред локалните избори во Охрид. На средбата присуствувала и фамозната дама со бели чизмички, Дани или Данче како ја ословуваат Мицкоски и Милески.

Иако, досега, Мицкоски негираше дека имал средби со Зоки Милески Кичеец, по објавувањето на овие аудио бомби Кичеец призна дека бомбите се автентични и дека имал повеќе средби со лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Од објавените аудио бомби можат да се извлечат неколку заклучоци:

Мицкоски барал од Кичеец помош и поддршка за изборите во Охрид;

Фамозната Дани или Данче добро го познавала распоредот во кабинетот на Мицкоски;

Мицкоски самиот признава дека е љубител на виски.

За повеќе детали од тие средби можете да дознаете од аудио материјали кои денес се објавени на youtube.