Членовите на ЕУЛЕКС ја пребаруваат куќата на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

Тачи од вчера е во притвор во Хаг, откако обвинението го потврди Специјалниот суд.

Тачи, Кадри Весели и други осомничени се обвинети во април за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.

Жртви на кривичните дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, меѓу кои има косовски Албанци, Срби, Роми и лица од друга националност, како и политички противници, објави претходно Специјализираното обвинителство.

Мисијата на ЕУЛЕКС, која обезбедува логистичка и оперативна поддршка за апсење на обвинетиот, вчера изјави дека секој што сторил злосторства треба да одговара и дека судењето треба да биде правично.