Изборите ги “ПОЛУДЕА ” американците ! Едно лице е уапсено за наводно планирање напад во Филаделфија

Најмалку едно лице е уапсено заради наводно планирање на напад врз центарот за броење гласови во Филаделфија, во Пенсилванија.

Во полициското соопштение се наведува дека е пронајдено и оружјето со кое е планирано да се изврши нападот, како и дека истрагата е во тек.

„Полицијата доби информации за група, можно е да станува збор за семејство, кое со автомобил дошло од Вирџинија за да го нападне конгресниот центар“, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Полицијата врз основа на дојава која ја добила вчера околу 22 часот по локално време пронашла возило Хамер и оружје за кое се верува дека било подготвено за извршување на напад и потоа соопштила дека е приведено едно лице.