Вести

Македонија

  • Граѓаните во паника : Каква е оваа држава кога не можеме да си ги земеме нашите пари !?

    Утринава Здружението на оштетени штедачи објави дека ќе бара уште едно официјално одложување на првото стечајно рочиште за Еуростандард Банка, предвидено за утре, со цел Уставниот суд да го каже својот став во врска со поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за Банки.

    Со иницијативата на Здружението, поднесено е исто така и посебно барање за изрекување на Привремена Мерка со која ќе се сопрат од извршување сите подзаконски акти, како и сите дествија преземени од Законот за Банки, па се до конечната одлука која ќе ја соопшти Уставниот Суд.

    Инаку, познато е дека ОЈО поднесе веќе две кривични пријави против одговорните лица во Банката.

    Според податоците на НБРСМ познато е дека во банката отворени сметки имале повеќе од 2000 фирми, со вредност приближна на 13 милиони евра. Покрај нив свои сметки имале 136.000 домаќинства кои вкупно имале во Банката 112,3 милиони евра.

Анализи

  • Руски пулмолог се колне во неговата диплома : СИГУРЕН СУМ. Маските нема да го спречат коронавирусот, нè лекуваат сосема погрешно!

    Рускиот доктор Равил Валијев, раководител на одделението за пулмологија на една болница во Казањ, познат е по своите контроверзни ставови.

    Тој смета дека Русија ‘опасно’ го потценува бројот на заболени и дека луѓето се премногу опуштени.

    „Гледав пациенти кои доаѓаа кај мене, а официјално немаа коронавирус. Потоа им беше направено рентген на белите дробови и имаа билатерална пневмонија што е типична за ковид. Дури кога ќе се направи серолошки тест и ќе се видат наодите на имуноглобините М и Г, јасно е дека станува збор за коронавирус. Токму затоа што луѓето доаѓаа со негативни тестови, не носев и јас целосна заштитна опрема и ете, затоа се заразив. Не можам да одбијам болен пациент на кој треба да му помогнам. Иако користев маски и ракавици, некаде инфекцијата успеала да помине“, рекол Валијев.

    „Така ми доаѓаа нетретирани пациенти кои се лекуваа од обична пневмонија, а таквата терапија во случај на ковид е неефикасна. И потоа се создава магичен круг во кој лекарите поради негативните резултати на ПЦР тестот, ги лекуваат пациентите заболени од Ковид-19 сосема погрешно“, смета тој.

    Пулмологот е познат по своите контроверзни ставови – на пример, кога советуваше дека грлото треба да се испира со 70% алкохол, но не во вечерните часови, за ‘сообраќајната полиција да не мисли дека сте пијани’.

    Исто така смета дека маските не помагаат, бидејќи ‘оној кој кашла под маска може да пренесе честички’.

    „Сакале ние или не, државата вели дека мора да носиме маски и ракавици. Другата работа е што овие маски до одреден степен го намалуваат вирусното оптеретување кај здравите луѓе. Во таква ситуација, дури и ако некое лице се зарази, постои мала количина на вирусот. Потоа болеста е полесна и не доаѓа до пневмонија“, истакнува Валијев.

Балкан

  • “Србите си легнаа на брашното ” Учениците, студентите и најмалите на принуден распуст

    Целата следна недела во училиште веројатно нема да одат, ни основците, ни средношколците, а ќе се разговара и за тоа факултетите да одат на мини одмор, па можеби дури и градинките, нагласил за српски Курир, д-р Бранислав Тиодоровиќ воочи денешната седница на кризниот штаб.

    Короната во Србија не се предава. За последните 24 часа во Србија има дури 2.281 заразени.

    Тиодоровиќ за Курур вели дека кризниот штаб ќе ја разгледува опцијата учениците од сите училишта да одат на распуст целата следна недела, како би се сопрело ширењето на вирусот.

Свет

  • Мелбурн ќе ја решава сообраќајна гужва со летачко Убер такси | Видео

    Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз.

    На овој начин Мелбурн ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

    Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува Си Ен Ен.

    Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

    Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за сообраќајните гужви во големите градови.