Досегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев си поднел оставка на таа функција од лични, односно од приватни причини, изјави доцна синоќа, на прес конференцијата пред партиското седиште, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иако пред новинарите Мицкоски не образложи повеќе детали за оставката на Јанушев, сепак во дискусиите на седницата на Централниот Комитет од некои било споменато дека Јанушев го примил ударот ( “куршумот ” како што било речено ) за да се спаси сегашното раководство!?

Веќе подолго време односите меѓу Јанушев и Мицкоски не беа на завидно ниво. Есента минатата година на седница на ЦК на партијата Јанушев беше избран да биде Претседател на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, пролетта оваа година без одлука на партиските тела Мицкоски го смени Јанушев од Претседател на РИШ и на таа функција се именува самиот себе. Односно освен шпицен кандидат за премиер на овие избори Мицкоски беше и шеф на РИШ на сопствен предлог и без одлука на ЦК на партијата за разрешување на Јанушев.

Така што сценариото да биде сменет генералниот секретар и тој да биде жртвено јагне и виновник за поразот на изборите на 15 јули не може да биде реализирано поради две причини. Прво, Мицкоски не прифаќа дека ги има изгубено изборите на 15 јули. И второ, Јанушев не беше шеф на РИШ, туку тоа беше Мицкоски. Што ќе рече дека Мицкоски Претседателот на партијата може да го предложи Мицкоски шефот на РИШ како жртвено јагне за губењето на изборите, но не и Јанушев.

Инаку, 1998 година по губењето на изборите Бранко Црвенковски, тогаш Претседател на СДСМ го смени како жртвено јагне, Благоја Ханџиски како генерален секретар на партијата поради изгубените избори.

Но, Јанушев на овие избори беше само носител на изборната листа во третата изборна единица. И само во таа изборна единица ВМРО ДПМНЕ победи на изборите, односно освои еден пратеник повеќе од СДСМ. Значи единсвениот победник на изборите од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев во тројката, сега се повлекува од партијата, а другите кои изгубија ќе продолжат да владеат со партијата. Или што би се рекло-тимот што губи не се менува.

Постојат многу шпекулации за заминувањето на Јанушев. Веќе долго време има лоши односи со луѓе во партијата. Од таму протекоа оние фотографии дека Јанушев се подновил со скап автомобил лексус.

Но, во последно време се повеќе се говори за откривањето на одредени проневери на партискиоте пари во кои наводно се замешани луѓе блиски на самиот Мицкоски. Па се до обвинувањата на Филип Петровски дека во ВМРО ДПМНЕ на функции се доаѓа преку сексуални афери, посебно асоцирајќи на одредени пратенички од иточниот дел на државата!? Дали се тоа причините за оставката на Јанушев ќе покаже времето!?